Сертификатите на прележаните сѐ уште важат само 45 дена

by fokus

И по осум дена од предлогот на Комисијата за заштита од заразни болести, сертификатите на прележаните да важат 180 дена наместо 45 дена како досега, оваа препорака се уште не е на сила.

Поточно, Владата се уште не го разгледала овој предлог на владина седница.

-Пред препораката да стигне на владина седница треба да се оддржи седница на Координативниот кризен штаб, одговорија од Владата за „Фокус“.

Комисијата за заштита од заразни болести предложија сертификатите на граѓаните кои прележале Ковид-19 да важат 180 дена, од денот кога е направен позитивен ПЦР тест, а не како досега 45 дена. Засега, пак, не се размислува за укинување на ваквите сертификати.

Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ, потенцираше дека се уште е рано за укинување на сертификатите, со оглед на тоа дека има голема трансмисија на вирусот.

-Ако ги укинеме сертификатите за затворен простор ќе направиме голема трансмисија на вирусот. Во земјите каде сертификатите се укинати, како Данска и Велика Британија, вкупниот имунитет од вакцинација е многу поголем. Во Данска е вакцинирано 85 отсто од населението, во Велика Британија 80 проценти, а кај нас двојно помалку- околу 40 отсто, вели Мехмедовиќ.

В.В.

Поврзани новости