Сертификат или негативен тест и за транзит низ Словенија

by Fokus

Словенечката влада објави дека од 23 август патниците во транзит ќе треба да покажат доказ дека се вакцинирани против Ковид-19, доказ дека прележале или негативен тест .

-Од 23 август, транзитот низ Словенија веќе нема да биде возможен без исполнување на ПЦТ барања, се вели во соопштението на владата по синоќешната седница.

- Advertisements -

Дотогаш, патниците во транзит не мора да го докажуваат својот статус на Ковид на граница ако ја напуштат Словенија што е можно поскоро, и не подолго од 12 часа.

Исклучок од ПЦТ-условите за влез во Словенија се уште важи за лица помлади од 15 години, сопственици на земјиште и недвижен имот во пограничната област, прекугранични работници мигранти и вработени во меѓународен транспорт.

Новата владина одлука, исто така, пропишува задолжително носење заштитни маски за посетителите на јавни и културни настани во затворени простории, додека носењето маски станува задолжително за собири на отворено ако се присутни повеќе од 100 луѓе.

Поврзани новости