52
Руски сериски убиец познат како „манијак од Волга“ е осуден на доживотен затвор за убиство на 31 постара жена, јави државната новинска агенција ТАСС.
Радик Тагиров беше уапсен во 2020 година под сомнение дека извршил убиства во 15 градови во и околу регионот Татарстан, околу 730 километри источно од Москва, во периодот помеѓу 2011 и 2012 година.
Тој понекогаш се претставувал како социјален работник, електричар или водоинсталатер за да влезе во домовите на жените пред да ги задави и да им ги украде вредните работи, соопшти полицијата.
Тагиров бил бравар и претходно бил во затвор поради ситни кражби. Судот во градот Казан го прогласи за виновен и за неколку обиди за убиства и напади врз уште 34 постари жени, пренесе ТАСС.