Сериски силувач и убиец егзекутирани во Америка, погубен е со нов метод

by Fokus

Сериски силувач и убиец е егзекутиран синоќа во Алабама со азотен гас. Ова е четврти пат оваа американска држава да користи ваков метод на егзекуција.

Деметриус Фрејзиер (52) беше осуден на смрт во 1996 година за убиство на 40-годишната Полин Браун, мајка на две деца, кое го извршил во 1991 година во Бирмингем, Алабама.

Фрејзер беше прогласен за виновен за упад во нејзиниот стан, ја силувал и ја убил со истрел од пиштол во главата. Поротата гласаше со 10 против 2 за да се изрече смртната казна.

Според судските документи, Фрејзиер, кој е Афроамериканец, ја обвинил претежно белата порота за расизам за време на судењето. Тој претходно бил осуден за силување и убиство на 14-годишната Кристал Кендрик во 1992 година во државата Мичиген.

Бидејќи Мичиген нема смртна казна, Фрејзер таму служел доживотна затворска казна за тоа убиство и две други силувања. Во 2011 година тој бил префрлен во Алабама, а сите жалби што ги упатил да се врати во Мичиген биле одбиени од судовите.

Неговата одбрана се обиде да го оспори извршувањето со азотен гас, тврдејќи дека тоа е сурова и невообичаена казна, но тие жалби исто така беа отфрлени.

Фрејзер беше погубен вчера во затворот во Атмор, Алабама. Според соопштението на Одделот за поправки, смртта била изречена во 18:36 часот по локално време.

Алабама е единствената американска држава која користи азот како метод на егзекуција, додека други користат смртоносна инјекција. Минатата година во таа земја беа извршени три егзекуции со азотен гас. Егзекуцијата се врши со ослободување на азотен гас во маската на затвореникот, што доведува до задушување поради недостаток на кислород.

Експертите на Обединетите нации назначени од Советот за човекови права на ОН го осудија овој метод на егзекуција, наведувајќи дека тоа „може да претставува сурово, нечовечко или понижувачко постапување, па дури и форма на тортура“.

Минатата година во САД беа извршени 25 смртни казни. Смртната казна е укината во 23 од 50 држави, додека три други држави – Калифорнија, Орегон и Пенсилванија – воведоа мораториум на егзекуциите.

Аризона, Охајо и Тенеси, кои претходно привремено ги суспендираа егзекуциите, неодамна објавија дека планираат да продолжат со нивното извршување.

Американскиот претседател Доналд Трамп е познат како застапник на смртната казна, а на својот прв ден во Белата куќа повика на проширување на нејзината употреба „за најлошите злосторства“.

Поврзани новости