Во текот на ноќта, Романија беше погодена од серија земјотреси, од кои најсилниот беше 4,3 степени според Рихтеровата скала.
Според податоците на веб-страницата ЕМСЦ, земјотресот се случил еден час по полноќ по локално време на југозападот на земјата, на 72 километри од градот Дробета-Турну Северин.
Уште два послаби земјотреси со јачина од 3,9 и 3,2 степени се почувствувани синоќа, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Најпрво, синоќа во 21:28 часот по локално време е регистриран земјотрес чиј епицентар бил на 11 километри североисточно од градот Тисман во областа Горц, на длабочина од шест километри.
Во вторникот Романија ја погоди силен земјотресот со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, што беше почувствуван и во регионот.