441
Седум земјотреси се регистрирани во Албанија од синоќа до утрово во областа Клос, североисточно од Тирана.
Од синоќа во 20 часот и 30 минути до утринава во 6 часот и 36 минути во тоа подрачје се регистрирани седум земјотреси со јачина од 2 до 3,5 степени според Рихтеровата скала, јави Еј-Би-Си Њуз.
Тресењето на земјата е почувствувано и во Тирана, но нема материјална штета.