551
Земјотрес со јачина од 4.5 степени според Рихтрер, бил регистриран синоќа во 1.18 часот во Албанија. Епицентарот на потресот бил 22 километри западно од главниот град Тирана.
Во текот на изминатата ноќ во Албанија биле почувствувани серија послаби земјотреси со јачина oд 3.1 до 3.5 степени, чиј епицентар е во Јадранското море.
Пред само еден месец албанскиот град Драч и околината ги погоди силен земјотрес од со јачина од 6.4 степени во кој загинаа над 50 луѓе, а над илјада се повредени.