384
Серија од афтершокови вчеравечер го тресеа грчкото тло, а земјотресите се почувствува и во делови од Македонија.
Првиот земјотрес, кој беше почувствуван и во Македонија, беше во 23.14 часот по локално време, со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, а вториот со јачина од 4,9 степени во 3 часот наутро. Трет силен земјотрес со јачина од 4,8 степени се случи во 6.20 часот утрово.
Инаку, најсилниот земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди регионот на грчко-албанската граница. Тој се почувствува и во Битола, Ресен, Охрид и Струга.
После тоа се регистрирани серија десетици афтершокови,а жителите на Јанина и на околните села ноќта ја поминаа на плоштадите и на улиците.