333
Италијанската фудбалска федерација донесе одлука првенството во Серија Б да продолжи со 19 учесници, со што се стави крај на конфузната ситуација која настана на самиот почеток.
Проблемите во втрото по ранг фудбалско натпреварување на Апенинскиот Полуостров се случија кога Бари, Авелино и Чезена банкротираа на почетокот на сезоната, па така лигата од 22 падна на 19 клубови.
Во меѓувреме, пет учесници од Серија Ц (Катанија, Новара, Тернана, Про Верчели и Сиена) с епонудија да ги пополнат испразнетите места, но нивниот предлог беше одбиен.
Серија Б еден период беше и суспендирана, но по донесувањето на оваа одлука, ќе продолжи со нормалното функционирање.