Денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот „Рекет“. На денешното рочиште предвидено е да сведочат неколку сведоци предложени од обвинетиот Бојан Јовановски.
Па така, повикани се сведоците Сергеј Варошлија, како и ексградоначалникот на Центар и бизнисмен Владимир Тодоровиќ. Тој требаше да сведочи минатата недела, но испратил известување дека е на службен пат. Тогаш требаше да сведочи и Дејан Панделески, син на осомничениот бизнисмен во „Империја“, Цветан Панделески, но ни тој не се појави, па и неговото сведочење беше поместено за оваа недела.
По сослушувањето на сведоците предложени од Јовановски, судскиот процес ќе продолжи со сведоците на Катица Јанева. Таа има предложено 13 меѓу кои се и повеќето од обвинителите кои работеа во СЈО.