Сергеј Трифуновиќ доби условна казна од 60 дена

by Fokus

Заврши судењето на Сергеј Трифуновиќ во Сплит.

Српскиот актер е осуден на шеесет дена затвор, кои нема да мора да ги помине доколку во рок од една година не го стори истото дело.

Бидејќи вчера беше уапсен и однесен во Сплит, му е одредена условна затворска казна од 59 дена. Мора да плати и судски трошоци од 150 евра, а се откажа и од правото на жалба.

Пресудата е правосилна.

Му е вратен пасошот, а на Слободна Далмација и рекол дека сепак ќе стане државјанин на Република Хрватска бидејќи неговата сопруга е Исидора.од Риека.

На судењето во Сплит од Загреб пристигна и српскиот конзул Стефан Ристиќ, кој рече дека „Трифуновиќ не го повикал на помош, туку дошол да му ја понуди како државјанин на Србија“.

Потсетуваме, тој беше уапсен во вторникот околу полноќ на граничниот премин Бајаково додека поминувал од Србија кон Хрватска. Потоа беше спроведен во Општинскиот суд за прекршоци во Сплит. Трифуновиќ пред судот изјави дека не се чувствува виновен за она за што е обвинет.

Тој се товари по член 5 и член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Во член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир се вели: „Тој што омаловажува или навредува државни органи, односно службени лица при или во врска со извршувањето на нивните законски наредби, ќе се казни со парична казна од 700 до 4.000 евра или затворска казна до 30 дена“.

Полицијата побара од судот актерот да добие 30 дена затвор и парична казна од 1.000 евра. Превентивно му е одземен пасошот.

 

Поврзани новости