Сер Алекс Фергусон доби отказ од Манчестер Јунајтед

by Fokus

Сер Алекс Фергусон, менаџерот на Манчестер Јунајтед во славната ера на клубот од Олд Трафорд, по завршувањето на оваа сезона повеќе нема да биде дел од англискиот великан, ниту како глобален амбасадор.

Сопственикот на клубот, Сер Џим Ретклиф, директор на хемискиот конгломерат Инеос, неформално го известил легендарниот 82-годишник дека повеќе нема да биде на платен список, пишува Атлетик.

Како причина тој го наведе намалувањето на клупските трошоци, а Шкотланѓанецот е само еден од 250 вработени (според „Манчестер Ивнинг Њуз“) кои се прогласени за технолошки вишок.

Интересно, Јунајтед летово донесе звучни засилувања, а тоа се Џошуа Циркзе, Лени Јоро, Матијс де Лихт и Мануел Угарте.

Од 1986 до 2013 година, Фергусон ги предводеше „црвените ѓаволи“ од клупата за да освои 13 изданија на Премиерлигата, пет ФА Купови и два трофеи во Лигата на шампионите.

Откако освои повеќе од половина од сите титули (20) во историјата на клубот, Шкотланѓанецот е несомнено најуспешниот менаџер на Јунајтед.

Според MEN, Фергусон заработил 2,1 милиони фунти во првите осум месеци како амбасадор на Јунајтед.

По неговото заминување следуваше помалку радосен период за навивачите на гигантите од Манчестер, кои оттогаш не се шампиони на Англија.

Јунајтед летово го освои ФА Купот победувајќи го градскиот ривал Сити, а минатата година во витрините го донесе и Лига купот.

Сепак, лош беше почетокот на оваа сезона со Холанѓанецот Ерик тен Хаг на чело на стручниот штаб. По седум одиграни кола го заземаат 14. место на табелата.

Поврзани новости