Христијан Мицкоски пред изборите вети дека ќе ги зголеми пензиите за сите пензионери за 5.000 денари. Но ова ветување не само што не се исполни, туку и го постави прашањето за долгорочната стабилност на Фондот на ПИОМ.
Во реалноста, пензионерите ќе добијат покачување од само околу 1.000 денари, што е далеку од она што им се ветуваше и далеку од очекувањата и потребите на најранливата група во општеството.
Кога Мицкоски најави покачување на пензиите за 5.000 денари, многу пензионери поверуваа во тоа и очекуваа да се случи, за подобрување на животот во услови на растечки цени на основните потреби.
Но, со последната одлука на владата, пензионерите беа изненадени и разочарани кога разбраа дека на своите сметки нема имаат дополнителни 5.000 денари во септември.
На пензионерите секако им следува покачување на пензиите во септември, а потоа и во март согласно методологијата за постојан раст на пензиите. На тоа покачување кое секеко им следи власта додава само 1.000 денараи а не 5.000 денари како што ветуваше.
Оваа разлика од 4.000 денари не е само обичен математички пропуст, туку показател за начинот на кој владата на Мицкоски сака да ги користи пензионерите како инструмент за политички поени.
Многумина пензионери веќе изразија незадоволство од ваквата измама, оценувајќи ја како удар на веќе кревкото доверие во институциите” велат од СДСМ.