СЈО за време на истрагата за случајот “Титаник” побара притвор за екс премиерот Никола Груевски, но ваквото барање беше одбиено и Кривичниот суд му одреди мерки на претпазливост, односно му го одзема пасошот, дипломатскиот пасош и му наложи еднаш неделно да се јавува во судот, односно секој петок.
На Груевски трагата му се губи во петокот, кога требаше сам да замине во истражниот затвор Скопје, па затоа прашавме во Кривичниот суд дали Груевски тој ден ја исполнил обврската да се пријави, бидејќи во спротивно судот веднаш требало да алармира дека го нема.
Од судот ни појаснија дека тој имал обврска да се пријавува еднаш месечно. По овој одговор побаравме појаснување од СЈО од каде што не информираат дека првично Груевски требало да се пријавува секој петок, но Кривичниот совет ја сменила ваквата одлука и му дозволила да се пријавува само првот петок од месецот, бидејќи Груевски се жалел дека има многу обврски околу локалните избори во 2017 година.
Оваа околност, односно добрата волја на советот на Кривичниот суд, во секој случај го олесни бегството на екс премиерот.
Тој во моментот се наоѓа во Унгарија каде што бара политички азил.
Валентина Вурмо