Сензација во Милано – Нено Димитријевиќ го уништи Реал Мадрид!

by Fokus

Кошаркарите на Олимпија Милано со доста проблеми на почетокот на оваа сезона, но ја постигнаа втората последователна победа во Евролигата откако во 8. коло од Евролигата на „Медиоланум форум“ го совладаа Реал Мадрид.

Шпанскиот тим и актуелниот вицешампион на Евролигата сезонава се уште нема победа на гостински терен и ова е нивни петти пораз на страна.

Избраниците на Еторе Месина многу брзо го наметнаа својот стил на игра и беше јасно дека Реал ќе се мачи многу.

Во тие воведни 10 минути, тимот на Армани постигна 24 поени, а Македонецот Ненад Димитријевиќ и Зек Ледеј рано му кажаа на Еторе Месина дека може да смета на нивниот настап.

Добија 8 поени разлика и успешно ја одржаа и го одбија секој напад на Реал, каде Марио Хезоња и Валтер Таварес пропуштија шанси да ги казнат домаќините.

Се се распадна во последната четвртина. Олимпија целосно доминираше и ја направи серијата 18:3 и го реши прашањето на победникот. Реал малку се врати во живот преку Хезоња, но веќе беше доцна.

Ненад Нено Димитријевиќ беше најефикасен со 22 поени, Зек Ледеј постигна 17 поени, забележа 8 скока и 2 асистенции, а нововлезениот Нико Манион постигна 11 поени, имаше 1 скок и 5 асистенции.

Серж Ибака беше најефикасен со 13 поени и 4 скока, исто толку додаде и Марио Хезоња, додека Габриел Дек имаше 11 со 3 скока и 2 асистенции, а 10 поени и 9 скока беше учинокот на Валтер Еди Таварес.

Поврзани новости