472
Третиот натпреварувачки ден на фудбалскиот Мундијал во Катар го донесе првото големо изненадување. Саудиска Арабија ја победи Аргентина која беше вбројувана помеѓу најголемите фаворити за трофејот.
Иако Аргентинците преку Лионел Меси први дојдоа во водство по само 10 минути игра, аутсајдерот направи целосен пресврт во второто полувреме со погодоците на Ал Шери во 48-та и Ал Давашари пет минути подоцна.
При резултат 1:0 за Аргентина „гаучосите“ постигнаа уште три гола, но сите беа поништени поради „офсајд“.
Денес на распоредот на Светското првенство се уште три натпревари. Од групата Ц ќе играат Полска и Мексико (17 часот).
Од 14 часот играат Данска – Тунис, а од 20 часот Франција – Австралија во 1.коло од Д-групата.