Сенилна макуларна дегенарација претставува трета по ред причина за слепост во светот (8.7%) после катаракта (47.9%) и глауком (12.3%). Сенилна макуларна дегенерација е тип на дегенерација на ретината во регија на жолтата точка, која се јавува во возраст над 50 години. Болеста е прогресивна, хронична и почнува најчесто без симптоми.
На редовен офталмолошки преглед со ширење на зеници се откриваат почетни промени во макулата кои се опишуваат како друзи. Понатаму, тие можат да се зголемат, да се спојат ( конфулентни) и да доведат до атрофија на дел од ретиналните слоеви. Таквата форма на сенилна макуларна дегенерација се вика сува форма и карактеристично завршува со големи зони на географска атрофија (атрофичните промени се опишуваат како географска карта).
Резултира со губење на видот во средишниот дел на видното поле така што отежнува и оневозможува читање и препознавање на лица, иако останатиот периферен вид омозможува останати секојдневни активности. Причини поради кој може да настане ова заболување може да бидат различни. На пример ако е присутна како фамилијарна болест, постои голема веројатност дека во некој од следните генерации би се појавила истата болест. Исто така значителна улога играат и факторите од околината кој може да влијаат за појава на сенилна макуларна дегенерација, пушење (двојно го зголемува ризикот), покачен крвен притисок, покачен холестерол, слаба физичка активност, лоша исхрана итн.
Еден од поважните фактори е УВ светлината, затоа се препорачува во текот на целата година да се носат очила со УВ заштита, задолжително во лето.Во моментот не постои ниту еден делотворен начин на лекување на сува макуларна дегенерација, но постои начин да се забави нејзината прогресија, со помош на витамински комплекси (вит А, Е, Ц) со висока концентрација на антиоксидансот лутеин и зеаксантин кои докажано го успоруваат напредувањето на сува сенилна дегенерација на макулата, како и нејзино преминување во влажна.
Правилната исхрана исто така значително може да влијае во превенција на сенилна макуларна дегенерација. Внесување на повеќе зелен лиснат зеченчук и риба може да помогне да се зачува видот. Поновите формулации на препарати за превенција на сенилна макуларна дегенерација во својот состав содржат и Цинк и омега -3 масни киселни (EPА и DHA) кој значително придонесуваат за подобрување на видот во концентрации над 250 мг.
DHA е омега 3 масна киселина која е доста застапена во ретината на окото (1/3 од сите масни киселини). Ретината, поточно жолтата точка е богата со каратеноидни пигменти како што се зеаксантин и лутеин, што ја даваат жолтеникавата боја на изглед, па затоа внесување на препарати со зеаксентин и лутеин има совршена смисла кај пациенти кој имаат проблеми со овој дел од окото.
Притоа кога бирате препарат за превенција на сенилна макуларна дегенерација мора да обрнете внимание и на чистота на препаратот и потеклото на суровините како и да биде комбинација која е богата со сите потребни витамини и масни киселини.
М-р Фарм Соња Пецевска
ПР текст