Сепак ќе има вонредна седница на Сенатот на УКИМ на која ќе се разгледува законитоста на изградбата на дватата факултета во дворот на кампусот на универзитетот. Ова беше одлучено да денешната седница на Сенатот. Датумот за вондредната седница ќе биде дополнително утврден по празниците од страна на ректорот Велимир Стојковски.
Пред почетокот на денешната седница, дел од професорите собираа потписи за поддршка за седница на која ќе се разгледува законитоста на целата постапка за изградбата на новите факултети во барок. Од шеесетина сенатори, само 21 го ставија својот потпис. Професори од Професорскиот пленум како и студенти од Студентскиот пленум бараа да присуствуваа на денешната седница, но тоа не им беше дозволено и седницата беше затворена.
Против ваква вондредна седница беше и професорот од ФИНКИ, Маријан Гушев. Тој смета дека Сенатот веќе разговарал за ова прашање и нема потреба повторно тоа да се става на дневен ред.