Претседателот на Комитетот за разузнавање на американскиот Сенат, Марк Ворнер, рече дека е загрижен поради одлуката на изборниот штаб на Џо Бајден да ја користи апликацијата TikTok, на што Белата куќа соопшти дека ништо не се променило во однос на загриженоста на владата за националната безбедност.
Ворнер рече дека е загрижен за импликациите за националната безбедност на кинескиот ТикТок и одлуката на персоналот на Бајден да се приклучи на социјалната мрежа, објави Ројтерс.
„Мислам дека треба да најдеме начин да ја следиме Индија која го забрани TikTok“, рече Ворнер.
Голем број републикански членови во Конгресот, исто така, ја критикуваа одлуката на штабот на Бајден за TikTok, наведувајќи ја загриженоста за националната безбедност. Претседателската кампања на Бајден сега има повеќе од 57.000 следбеници на TikTok.
Белата куќа соопшти дека забраната за користење TikTok на владините уреди, која беше одобрена од Конгресот на крајот на 2022 година, останува на сила.