673
Педесет и петгодишниот Момчило Стефановски кој живееше на објектот на Железничката станица над селото Речица веќе 16 години со својот син и ќерка, од вчера немаат кров над глава, откако објектот изгоре во голем пожар.
Тој тврди дека се што се мачел 16 години, го снемало за само два саати.
– Околу 2 часот јас дојдов со пожарна. Тука веќе беше се зафатено луѓето само можеа да локализираат, за да не се прошири на други места. Луѓето максимално се ангажираа до 4 ипол утринава. тжТука беше и екипа од Македонски железници која обезбедуваше да не дојде до некоја поголема трагедија, бидејќи се работи со вода – истакна Стефановски.
Тој апелира за помош од сите граѓани, бидејќи неговиот син е дете со посебни потреби.