Семејството се откажало и не сакало да го прими пациентот кој почина пред болница, тврдат од болницата

by fokus

Пациентот што почина деновиве пред прилепската болница се лекувал таму и бил примен на Одделението за ортопедија и траума на 1 август со препорака за продолжување на антибиотска терапија по ампутацијата на надколеницата во Скопје, поради Тромбофлебит, велат од Прилепската болница.

Тие тврдат дека 43 дена го лекувале пациентот, а додека престојувал таму за неговото недолично однесување аралрмирало Одделението за ортопедија каде што пациентот во собата примал и сомнителни лица, внесувал недозволени средства и други непристојни работи.

-Неговото недолично однесување го издржаа практично сите во целиот оддел на ортопедија кое е поим за внесување на нови методи во работењето и успешни операции. Се во интерес на пациентот. Но, кога неговата рана веќе беше затворена и неговата општа и локална состојба подобрена, паиентот е испишан. По неговото отпуштање од болничко лекување во ЈЗУ Општа Болница – Прилеп ,,Борка Талески” од страна на службите во болницата е контактирано неготово семејство кое не сакаше да го прими пациентот.

Подоцна се појави неговиот брат кој исто така не сакаше да го прими пациентот со ампутирана надколеница, кој за волја на вистината ја злоупотреби целата ситуација со цел да предизвика проблеми и да прави невиден терор во кругот на болницата каде имаше се, само не за жал и солзи за братот кој му донел само ќебе и наод од обдукција која вчера траеше до 16.30 часот и којашто ќе покаже дека неговиот брат го оставил скоро два дена во дворот на клупата пред општата болница!, тврдат од болницата.

Социјалниот работник од болницата го известил Центарот за социјална работа, по нивна пријава интервенирало и МВР.

-Од страна на старскиот дом добивме одговор дека креветите таму се веќе пополнети и исто дека немаат ни слободни соби. Вистината во овој случај е што неговото семејство веќе се откажало поради негово деструктивно однесување кон себеси и околината, но ние како јавна здравствена установа направивме повеќе отколку што е потребно затоа што болниците задржуваат, згрижуваат и лекуваат пациенти до одреден период до нивно лекување или добивање на отпусна листа во рок од 7 до 14 дена бидејќи тоа не се центри за згрижување на напуштени и бездомни лица туку јавни здравствени установи со ограничен престој на болни лица, велат од болницата.

Поврзани новости