Семејството на загинатата Викторија: Пресудата од три години е скоро како ослободителна

by Fokus

По изрекувањето на пресудата за возачот Јордан Ѓоргиев кој ја стори сообраќајната несреќа кај „Сити мол“, во изјава за медиумите адвокатот на семејството на загинатата изјави дека затворската казна од три години е несериозна.

„На 20. вечерта трепкаше жолто светло, судот денеска дозволи да свети зелено и да помине неказнето. Три години затвор е несериозна. Ќе имаме жалба на пресудата.  Пресудата е скоро ослободителна” рече Владимир Михајловиќ, адвокат на семејството на загинатата.

Трагичната сообраќајната несреќа се случи на 20 јануари годинава во близина на раскрсницата кај Трговскиот центар „Сити мол“, при што животот го загуби Викторија Николова.

Според пресудата, обвинетиот се движел со брзина од 67,3 километри на час, брзина поголема од 17 километри на час од предвидената.

На возачот претходно му беше одреден 30-дневен притвор.

 

Поврзани новости