Семејството на Кико, кој неодамна почина, а за чие лекување се собираа средства и се оддржа хуманитарен концерт, донираше половина милион денари за лекување на друго дете.
Деновиве на социјалните мрежи се ширеше апел за помош на малиот Стефан, за чие лекување неговото семејство треба да обезбеди респиратор.
„Неговиот живот не може да продолжи без адекватен респиратор, кој може да се набави со ваша помош. Потребни се 585.200 денари. Ве молиме да собереме сите и да му помогнеме на Стефан. Вашето малку, за Стефан ќе значи многу“, стоеше во апелот на семејството.
Јутуберот Стефан Лазаров кој учествуваше во собирање донации за лекување на Кико, денес објави дека семејството на Кико извршило донација за помош на Стефан.
„Како што најавив пред два дена, ова утро од семејство Коцеви е извршена донација во вредност од 500,000 денари..
Ова е од Кико за Стефан Голем респект од мене за Горан, Катерина и Никица, семејство со вистински вредности, чесно и хумано. Заслужувате многу. На малиот Стефан му посакувам брзо да се опорави“, објави Лазаров.