Откако стигна информацијата дека се собрани парите за лекувањето на младиот Кико во Турција, се огласија од неговото семејство. Се заблагодарија за поддршката и пренесоа дека Кико на сите им праќа прегратки и бакнежи.
– Бескрајно сме ви бладорарни на сите знајни, незнајни, на фамилија, друштво на сите вас што бевте со нас. На сите што дадовте се од себе за Кико. Бескрајно сме благодарни на Стефан Лазаров за целата иницијатива за лекувањето и донации за Кико. Во ниту еден миг не не остави ниту нас ниту Кико, со секој повик, порака и посета му даваше сила да издржи, да се бори и да не се откажува. Нема oткажување никако! Бескрајно сме ви благодарни што се молевте за Кико. Бескрајно сме благодарни и на целиот медициски персонал во Штип и Скопје што дадоа се од себе за Кико. Бескрајно сме ви благодарни на сите вас што споделувавте на социјалните мрежи и што дониравте на сметки, броеви, на сите вас што се организиравте на секаков начин да собереме средства за Кико. Кико знае дека сите се обединивте за него, цела Македонија и дијаспора заедно за Кико. На сите ви праќа гушки, бакнежи, сите ве сака. Молете се за Кико се да биде добро, убаво и да е среќен. Борбата продолжува Кико е најголемиот борец ќе се избориме сите заедно – објави семејството на Кико.