634
Пропадна уште еден обид за одржување на рочиштето на кое најблиското семејство на бизнисменот Орце Камчев требаше да сведочи против Бојан Јовановски и Катица Јанева во граѓанската постапка во која Камчев од нив бара да му ги вратат 1,5 милиони евра.
Тие пари според пресуда на Кривичниот суд Скопје, бизнисменот му ги дал на Јовановски за да си ја олесни положбата во истрагата за случајот „Империја“ кој го водеше поранешното СЈО.
Адвокатот на Јанева, Лазар Јанев за тв 24 изјавил дека одлагањето се прави намерно затоа што сведоците не се сеќаваат што точно изјавиле пред Кривичниот суд а што точно сега треба да сведочат пред скопскиот граѓански суд.
Извор – тв 24