Ново невреме ја попречува истрагата по исчезнатиот Македонец на Халкидики

by fokus

Во следните неколку часа се очекува на Халкидики од САД да пристигне семејството на 28-годишниот Мартин, кој и понатаму се води како исчезнат откако морските струи заедно со двајцата другари, кои веќе се спасени, ги однесоа во морето на познатата плажа „Мити“ во Посеиди, Халкидики.

Како што објавуваат грчките медиуми, во Грција ќе пристигнат мајката и братот на Мартин кои живеат во САД, за да учествуваат во големата акција за пронаоѓање.

Мартин е единствениот од групата кој и понатаму се води како исчезнат, а властите и волонтерите се борат со невремето, коешто рано утрово пак го зафати Халкидики.

-Има многу силен ветер, поради што чамците кои излегоа на море, дури и крајбрежната стража не може да работи. Засега истражуваме со пешачки делници и чекаме да видиме како ќе се развиваат временските прилики, велат од спасувачките служби за Прототема.

Штом се подобрат временските услови, се очекува спасувачите да фрлат подводен дрон во водата што значително ќе помогне во потрагата.

Поврзани новости