Семејството на екс разузнавачот Александар Диневски, кој беше осуден на 4,5 години затвор во судскиот процес „Шпион“, повторно преку писмо апелираше за неговата влошена здравствена состојба. Тие тврдат дека тој се држи веќе две недели во притвор и покрај предупредувањето на лекарите, дека не смее да остане во притвор и дека мора да прима соодветна медицинска терапија.
– Адвокатот поднесе барање за домашен притвор уште пред две недели и сè уште не е одговорено ништо. Извори од судот ни рекоа дека случајот бил во рацете на Обвинителството и дека можно е намерно да е одложуван. Меѓународните фактори во земјата да го имаат овој случај во предвид и да сторат што можат за на Александар да му се овозможи соодветна професионална медицинска нега и домашно лекување. За ова што му го прават, некој ќе сноси голема одговорност – се наведува во писмото од потесен член на семејството.