Семејството кое беше прегазено од воз се враќало од погреб

by fokus

Три лица од скопско Арачиново, загинаа вчера откако товарен воз удрил во автомобил „голф“ на преминот кај кумановско Романовце. Четвртото лице кое било во „голфот“ успеало да скокне навреме од возилото пред ударот.

Несреќата се случила во 11.45 часот пред железничкото стојалиште „Превој“ помеѓу железничките станици Куманово и Романовце на одбележан железнички патен премин. Во „голфот“ со скопски ознаки, удрил товарен воз на „Македонски железници“. Во несреќата загинале возачот Н.Б и сопатничките С.Б и З.Б.

„Оваа трагедија се случи пред два часа. Јас, и брат ми го изгубив вака. Денеска починаа три лица од село Арачиново. Дошле да изразат сочувство на нивни блиски и возот ги удрил на враќање. Поставиле камери за да видат како возот убива луѓе. Ние побаравме рампи, а не камери”,  рече жител на село Романовце за ТВ21.

 

Поврзани новости