613
Полицијата и семејството на велешанката Десанка Лапевска (78) повеќе од 20 дена трагаат по неа, откако излегла од дома на седми, месецов, околу еден часот по полноќ, и оттогаш и се губи секаква трага.
Од СВР Велес информираат дека жената излегла од својот дом на улица ,,Љубљанска’’ 25 и се упатила во непознат правец. Била облечена во сина тренерка, црна блуза на долги ракави и црни чевли. Имала црвена коса и висока била околу 160 сантиметри.
-Сите кои имаат било какви сознанија околу тоа каде би можела да биде или ја забележале некаде, да се јават во полиција – апелираат од таму.