Семејството е заедница од мајка, татко и деца, порача градоначалникот Бобан Стефковски, кој го донесе Ламбе да им пее на присутните

by Fokus

Поп музичарот Ламбе Алабаковски беше главната музичка ѕвезда на настанот кој синоќа се одржа на плоштад во Автокоманда под мотото – Семејството столб на општеството, децата иднина на светот.

Музичкиот настан беше во организација на Општина Гази Баба, а градоначалникот Бобан Стефковски го најави како случување кое ја носи пораката дека семејството е заедница од мајка, татко и деца, и само така светот има иднина.

На манифестацијата, на која имаше публика од сите генерациии, Алабаковски беше дочекан како ѕвезда. Луѓе се фотографираа со него, му даваа сувенири со национални симболи, а бината беше украсена со балони во боите на македонското знаме.

Според градоначалникот Стефковски, кој бил иницијатор на настанот, масовноста била доказ дека е испратена пораката, дека се почнува и завршува со семејството, кое е столб на секое општество.

Вики Клинчарова

Поврзани новости