516
Во тетовската полиција вчера е пријавено дека 42-годишник од Мала Речица се оддачил од дома и не се вратил, а имал здравствени проблеми.
Исчезнувањето го пријавил З.Р. (73), татко на 42-годишникот.
Според пријавеното, како што информира СВР Тетово, пријавениот и претходно повеќе пати го напуштал домот и бил враќан.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.