Семејствата на починатите во автобуската сообраќајната несреќа кај Ласкарци на денешното судско рочиште истакнаа дека се приклучуваат на кривичниот прогон на обвинетите, а посочија и дека ќе бараат имотно обештетување.
За следната расправа на 18 октомври судот најави дека ќе бидат повикани и преостанатите оштетени во постапката, а кои не се изјасниле пред судот, додека за расправата на 31 октомври ќе бидат повикани и останатите оштетени, а кои ќе бидат сослушани и како сведоци за настанот.
За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули и Ремзи Мифтари вработен во фирмата, возачот на автобусот Маноил Трифуновски и тројца вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски.
Сопственикот на „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во формата и возачот се теретат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед за соучество во истото дело. МИА