Семејствата на петмината вработени во МВР, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски и Абдулфета Алими, кои беа осудени во случајот „27 април“, на високи затворски казни, денеска до Хелсиншкиот комитет за човекови права поднесоа преставка.
Семејствата реагираат дека судијата Добрила Кацарска, по соопштувањето на пресудата, на осудените им одреди мерка притвор, без притоа да ја спомене претходно дадената парична гаранција од обвинетите, врз основа на која се бранеа од слобода.
-Со решението на судијаката Кацарска таа ги укина двете мерки на претпазливост, односно задолжително јавување во судот и да им биде вратен пасошот, ама ништо не спомена за дадената гаранција. Па така, осудените со гранции потврдени од Апелациониот суд сега повторно се во притвор, реагираат од семејствата.
Според првостепената пресуда за насилниот упад во Собранието, Лазаров, Ѓошевски -Леви и Пешов беа осудени на 15 години затвор, Поповски доби 13 години затвор, а Алими беше осуден на 7 години.