Семејно насилство во Македонија – три жени и еден маж пријавија напади од партнерите

by irena 13:23
13:23

МВР информира дека доцна синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје, 41-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од неговата сопруга Ј.З.П.(42).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа, пак, во 21:00 часот во СВР Битола, 33-годишна жена од Битола пријави дека била физички нападната од нејзиниот партнер Ѓ.Б. од Битола.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Рано утринава во 02:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ранковце го лишија од слобода Б.М.(41) од село во општина Ранковце, затоа што физички ја нападнал неговата 41 – годишна сопруга.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Час и половина подоцна во СВР Скопје, 44-годишна жена пријави дека вчера во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.Н.(61).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични вести