Селската слава во Криволак заврши со групна тепачка

by Fokus

Вчерашниот празник Спасовден, кој е селска слава во Криволак, Неготино, завршил со групна тепачка пред кафеана.

Според СВР Велес, настанала физичка пресметка помеѓу А.М. (20) од Криволак и И.А. (40) од Неготино. При обид да ги разделат, Б.Г. (26) и Д.Г. (51) физички биле нападнати од А.М.

Настанот бил пријавен во полиција, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Во тек на вчерашниот ден голем број на жители на Криволак, но и на околните места го прославуваа Спасовден.

Покрај мноштвото народ во угостителските објекти, голем број на семејства и во своите домови прославуваа, со десетици гости, а фотографиите и покрај сите препораки на власта за држење дистанца и забрани за собири поради пандемијата, се најдоа на социјалните мрежи.

Вики Клинчарова

Поврзани новости