Поранешниот министер и екс градоначалник, Имер Селмани во гостувањето на Утрински брифинг ги анализираше случувањата на македонската политичка сцена по вчерашната оставка на премиерот Зоран Заев и по настапот на претседателот Пендаровски кој треба да ја пополни празнината до формирањето на новата влада.
Тој се осврна за значењето на Зоран Заев и за идните постапки на ДУИ во формирањето на новата влада.
„Заев ќе остави длабок белег во нашата држава. Ќе се памти по храброста и одлучноста. Решавањето на проблемот со грција и влезот во НАТО му се најголемите дострели. Меѓуетничките односи успеа да ги сведе во една константна и едноставни и последните прашања коишто беа отворени согласно рамковниот договор да се сметаат дека се затворени. Ќе остане запаметен и по одредени пропусти, гафови, избрзани изјави, но и по храброста за оставката која ја даде на две и пол години пред истекот на мандатот. Воведе многу работи, прв премиер со нов стил за комуникација со јавноста. Знам луѓе од Сарај, обични граѓани кои комуницирале со него, си постави нови стандарди, нови критериуми, рече Селмани.