Поранешниот политичар, Имер Селмани, смета дека ниту зголемен меѓународен притисок, па ниту некакви санкции ќе можат да го разубедат претседателот Иванов да ја смени неговата одлука за мандатот, пренесува телевизија Алсат М.
-Во овој поглед кога не може да се постигнат две третини од гласовите во Собранието за да се покрене иницијатива за негово разрешување и да сноси одговорност пред Уставниот суд, мислам дека ситуацијата созреа граѓаните да се организираат со политичките партии на новото мнозинство и критичарите и за оваа ситуација која ја уништува земјата да собираат потписи и референдум за негово разрешување од позицијата претседател на државата, вели Селмани.
Тој смета дека Иванов се однесува како диктатор кој си дава право себеси кому да му даде власт, а кому не за формирање на новата влада.