496
Бизнисменот Имер Селмани, во синоќешното гостување на „24 анализа“ на ТВ 24 истакна дека на претседателските избори во 2009-та година имал визија и концепт за Македонија.
„Не знам дали ќе бидам кандидат за претседател на Македонија на овие избори. Јас во 2009-та година бев и имав концепт и визија, онаква каква што Македонија заслужува да ја има. Доколку стигне понудата за кандидатура за претседател, сериозно би ја разгледал“, истакна Селмани.