685
Поранешниот министер за здравство и аналитичар, Имер Селмани во гостувањето во 24 анализа на ТВ 24 говореше за последните политички случувања на релација Македонија – Бугарија – Франција.
„Секако дека ова што се случува во Бугарија, се потврди дека актуелната влада нема поддршка во Парламентот. Се согласуваме сите дека во вакви околности, не треба да подигнеме очекување дека и да имаме вразумен француски предлог, сето тоа може да вроди со плод за да дојдеме до прифатливо решение. Згора на тоа што се шпекулира без да се видат на хартија тие предлози, дали бугарските барања ќе влезат во преговарачката рамка со ЕУ. Знаат Французите, дека доколку предлогот е таков, не може да помине кај нас“, истакна Селмани.