Имер Селмани во денешното гостување на „Утрински брифинг“ зборувајќи за ДУИ рече дека таа ја започна кариерата како политичка партија како движење на бунтот на граѓаните со албанско потекло, па нивниот подем бил очекуван и тие се најконтинуитетната партија во последните 20 години.
-Во јавноста се поделени мислењата дали ДУИ е ДУИ само со Али Ахмети. Повеќето Албанци во Македонија сметаат дека ако Ахмети се повлече од лидерското место на партијата тоа ќе се одрази на ДУИ во смисла на тоа дека ќе се разбудат политички амбиции. Сме го виделе тоа. Црвенковски замина од СДСМ, а Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ но овие партии го преживеаја тоа. Од друга страна, со заминувањето на Арбен Џафери неговата партија ДПА претрпе сериозни последици во смисла на популарноста кај гласачите, коментира Имер Селмани, поранешен министер и претседателски кандидат за Утрински брифинг