Селма Хаек откри зошто не користи ботокс и филери – тајната е во еден вид мимоза!

by Fokus

Познатата актерка Селма Хаек го откри својот „еликсир на младоста“ кој секојдневно го користи…

– Користам екстракт од кората на дрвото tepezcohuita (mimosa tenuiflora), кое во Мексико се користи за лекување на изгореници бидејќи целосно ја регенерира кожата. Во САД никој не го користи – изјави Селма Хаек за магазинот „Elle“.

Оваа 56-годишна убавица рекла дека благодарение на овој екстракт нема потреба од естетски зафати или корекции на телото.

– Благодарение на овој екстракт немам потреба од ботокс или филери – одговори таа на прашањето зошто не прибегнува кон естетска хирургија кога е физичката убавина во прашање.

Селма откри и дека тајната на нејзината затегната кожа лежи во начинот на кој ја обликува косата.

Мексиканско-американската актерка на шега му кажа на британскиот водител Греам Нортон дека нејзиното лице е затегнато само затоа што носи заврзана коса и фризура со залижан грб, а тие дополнително и ги затегнуваат брчките на лицето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Поврзани новости