Селин Дион ја губи контролата врз мускулите, вели сестра и

by Fokus

Музичката ѕвезда Селин Дион (55) се справува со тешко невролошко пореметување познато како „Синдром на вкочанета личност“. Оваа болест, која погодува еден од милион луѓе, предизвикува губење на мускулната контрола и може да доведе до сериозни проблеми со говорот и движењето. Селин ја откри својата дијагноза пред околу една година, по што ретко се појавуваше во јавноста.

Сестрата на Селина, Клодет (74) сега проговори и рече дека познатата пејачка е во лоша здравствена состојба и се бори со губење на контролата врз мускулите. Имено, како што изјавила за француските медиуми, тешко и е да гледа како Селин, инаку дисциплинирана и вредна личност, сега минува низ оваа тешка фаза. Таа истакна дека целта на семејството е Селин повторно да застане на сцената, но дека моментално е неизвесно како тоа би можело да се постигне.

– Се обидува, но веќе нема контрола над мускулите. Срцето ми се крши што секогаш беше толку дисциплинирана и вредна, мајка и секогаш ѝ велеше да работи напорно, да прави се како што треба. Во нашите соништа целта е да се вратиме на сцената. Но на кој начин, не знаеме – изјавила Клодет за медиумите.

Патем, синдромот на вкочанета личност е ретка болест која науката сè уште ја истражува, но напредокот во лекувањето не е брз.

Клодет истакна дека е охрабрувачки што Селин соработува со водечки експерти во областа на оваа болест, но дека засега нема видлив напредок во нејзината состојба. Важно е, како што нагласи таа, да не се губи надежта. Селин добива поддршка од обожавателите ширум светот, кои и испраќаат љубов, молитви и разни подароци.

Пациентите со синдром на вкочанета личност често имаат проблеми со говорот и движењето, а во некои случаи може да се „претворат“ во „човечки статуи“ поради силната вкочанетост. Покрај тоа, вкочанетоста може да доведе до грчеви во мускулите, кои можат да бидат доволно силни за да предизвикаат фрактури на коските.

Дијагнозата на оваа болест обично се поставува на возраст од 30 до 50 години и почесто ги погодува жените отколку мажите.

 

Поврзани новости