Селими: ААА плати цена за коалицијата со ВМРО

by Фокус

ДУИ загуби големи градови како Тетово и Гостивар, но на советничките листи имаше пораст на гласови, посочи политичкиот аналитичар Сефер Селими. Според него, падот на гласовите кај Алијанса за Албанците и Алтернатива е поради нивната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

-Оваа коалиција сега, без извинување од ВМРО-ДПМНЕ особено кон Зијадин Села, се покажа како непродуктивнa – рече Селими на Сител.

Тој смета дека победата на Арбен Таравари од ААА во Гостивар се должи на неговиот личен авторитет. Победата на Биљал Касами од БЕСА во Тетово, пак, според него, е поради заситеноста од досегашната градоначалничка од ДУИ Теута Арифи.

-Таа 8 години беше градоначалник и постојано имаше критики на нејзина сметка, а ДУИ во овој случај покажа дека зборот на граѓаните не го зема во предвид – рече Селими.

Поврзани новости