524
Селекторот на македонската фудбалска селекција, Игор Ангеловски не ја криеше среќата од синоќешната победа над Летонија со 2-0 и јавно им се заблагодари за постигнатиот резултат.
„Ние вака живееме во репрезентацијата, и нема сила што ова може да го сруши. Дечки, ви благодарам за секој миг поминат со вас. До следно видување. Македонија – фамилија“, напиша селекторот Ангеловски.
Следен предизвик на нашите момци е домашен дуел со Словенија во Скопје, а потоа следи и клучниот натпревар на гости кај лидерот Полска.