Во текот на вчерашниот ден, кога започна процесот на регистрација на дијаспората, забележани се 6 обиди за регистрација со ИП адреси од Македонија, посочува заменик-директорот на Државниот завод за статистика, Илми Селами, додавајќи дека тие веднаш се отстранети од системот.
-Можеби имало обид за влез во системот од Македонија, но не повеќе од 6. Тоа значи дека од овие 6 обиди, наводно, четири биле успешни, но ние апсолутно ги избришавме од системот и овие 6 не се сметаат во овој број што го реков од 11.149. Повеќе од јасно е и нема потреба да се збунува јавноста. Јас разбирам дека опозицијата е заинтересирана за постигнување политички поени, но не разбирам како тие сакаат да постигнат политички поени преку процес како што е попис – рече Селами на Алсат.