Се сеќавате во 2014 година, кога Ахмети излезе со идејата за консензуален претседател. Тоа беше единствена можност Албанците да бојкотираат, за Иванов да победи уште еднаш. Ова го истакна лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во интервју за МИА.
Тој ја коментира иницијативата на ДУИ за „прв Албанец премиер во Северна Македонија, забележувајќи дека владејачката партија на Албанците, на ланските претседателски избори не застанала зад кандидат Албанец, како што сега нуди кандидат за премиер од оваа етничка заедница.
„Ова јас го предвидував и го најавував за време на локалните и претседателските избори. Тогаш ние излеговме, поддржавме кандидат Албанец за претседател, а Али Ахмети тогаш се шегуваше со нашиот предлог, иако наша цел беше албанските гласачи да ги држиме во албанските политички партии. Али Ахмети и ДУИ се факултативни Албанци, сезонски Албанци. Кога се локални избори, не им пречи да одат со Љубе Бошковски или со кој било друг и да се повикуваат на граѓанство. На претседателските избори бидејќи знаеја дека длабоко ќе губат ако излезат со нивен кандидат, правеа кампања и од првиот круг го поддржаа кандидатот на СДСМ. Уште тогаш најавив дека кога ќе дојдат парламентарните избори тие веднаш ќе станат големи патриоти, што, всушност, не се, ниту големи Албанци, не се“, истакна Села.