Села: Заев ќе ја отстранува Ременски, а Османи кој е осомничен за корупција му е вицепремиер

by fokus

Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села во вечерашното интерјву на ТВ 24 вели дека премиерот Зоран Заев е контрадикторен со денешата најава дека ја отстрани Фросина Ременски поради сомневањата за „Рекет“, а Бујар Османи кој е осомничен во случајот „Пациент“ му е вицепремиер.

-Османи е исто така осомничен, тој е во случај осомничен за корупција од 400.000 евра. Ова ми делува дека Заев со денешната најава за Ременски сака само да ја замајува јавноста.
Случајот Рекет има симболика. Не велам дека Османи е директно вмешан во овој рекет. Симболиката на Рекет е симболика на разочарување од нефункионирање на правниот систем. Според мои сознанија, СЈО и Катица Јанева го имаа заштитено Османи да не одговара за случајот „Пациент“, вели Села.

Поврзани новости