718
Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, вели дека за освоените 20.000 гласа помалку на овие локални избори во однос на ланските парламентарни избори виновни се сите партиски активисти.
-Падот го плаќаме јас и секој активист кој ја презел обврската и со слободна волја прифатил да биде член на Алијансата за Албанците. Значи сите – рече Села на Алсат.
Тој рече дека не би влегол во предизборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ со заеднички листи, но ја поздрави одлуката на премиерот Зоран Заев да си поднесе оставка.
-Тоа е чин што му припаѓа на секој што е вклучен во политиката да направи таков чин. Јас немам зошто да го бранам, само ја поздравувам неговата оставка и заедно со партнерите да оди во опозиција – нагласи Села.