387
Поранешниот лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села вечерва на ТВ21 проговори за измените во Кривичниот законик.
Според него, тој и неговата партија би биле заинтересирани за овие измени, доколку се намалуваат казните и за други осуденици, како што се случајот „Монструм“, „Диво Насеље“.
„Не би било добро за правната држава доколку се амнестираат само политичарите. Да се отвори ова, ќе ме интересира овој случај, ако на маса се стават случајот „Монструм“, „Диво Насеље“ и „Алфа“, рече Села.