Села: Условите за нашиот јазик ги поставуваме ние, а не Заев или Груевски

by fokus 22:53
22:53

Претседателот на Движењето за реформи во ДПА, Зијадин Села во изјава за Алсат-М, вели дека за него е прифатливо единствено ако во одредени државни институции, како на пример на министрите во Владата да им се овозможи да зборуваат на албанскиот, но и материјалите од седниците да бидат преведувани.

Тој вели дека тие го разгледуваат предлогот на СДСМ, но нема да чекаат законските решенија со кои се дефинираат правата на Албанците да ги предложат македонските партии.

-Уставот многу јасно во петтиот амандман, став два вели: јазикот кој го зборуваат 20% од населението исто така е службен јазик. И писмото исто така е службено. Ако во Собранието се дозволува зборувањето на албански, а нема превод на материјалите, тогаш тоа е прекршување на Уставот. За нашите прашања, за нашиот јазик нема да чекаме со предлог да дојде Заев или Груевски, туку тоа ќе го направиме самите и ќе условуваме тие да ги подржат – изјави Села.

Села сепак изрази подготвеност да му ги даде безусловно потписите на СДСМ потписите, а дури потоа, откако Заев го добие мандатот, да се преговара за условите за формирање на новата влада.

Поврзани новости